Менаџер на План и анализа

За компанијата: ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА е винарска визба со капацитет од 17 милиони литри вино, коe гo пласира на 18 светски пазари, на 5 континенти. Вината на ВИНАРИЈАСКОВИН ГРУПА имаат добиено 53 меѓународни награди и... повеќе за компанијата »

ВинаријаСковин Група ДООЕЛ Скопје има потреба од вработување на

Менаџер на ПЛАН И АНАЛИЗА за производство на вино и производи од грозје

План и Анализа

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО

  • Го координира и организира производството, согласно годишниот и месечниот план;
  • Ги дефинира потребите од репроматеријали и суровини врз основа на месечниот и годишниот план;
  • Се грижи за рационално користење на работна рака, репроматеријали, суровини како и користење на средствата за производство;
  • Ја следи контролата на квалитет на сите примени репроматеријали, суровини, полупроизводи и амбалажа;
  • Организира редовна контрола на готовите производи, водата, согласно важечките прописи и соработка со овластените институции за таа намена;
  • Се грижи за едукација на стручните, раководините и останатите производствени кадри;
  • Дава предлози за прием, прераспределување на работниците во рамките на систематизација и потребите во процесот на производство;
  • Го организира производството, распоредот на вработените по работни места и смени;
  • Врши контрола на користењето на репроматеријали и суровини;
  • Ги одобрува работните налози за потрошените репрометеријали и суровини, количина на производство и остапува од нормативите на потрошувачка;
  • Води архива за извршените здраствени хигиено- биолошки анализи на готовите производи;
  • Води евиденција за санитарните прегледи на вработените;
  • Се грижи за одржување на хигиената во друштвото;
  • Го организира и контролира чистењето на опремата и средствата;
  • Се придржува кон мерките за ХТЗ и ППЗ;
  • Должен е да биде лојален кон друштвото и да ја чува совесно и строго деловната тајна.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ

  • Завршено Виско Образование - Технолошка струка,
  • Минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Одлично владеење на MS Office package;
  • Возачка дозвола- Б категорија.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за менаџирање и контролирање на работата и обврските;
  • Одлични интерперсонални вештини и способност за работа во тим;
  • Одлични комуникациски (усни и писмени) и презентациски вештини;
  • Конструктивен пристап кон работни предизвици и цели;
  • Проактивност, одговорност, систематичност и ориентираност кон остварување резултати;
  • Позитивен ментален став;
  • Способност за организирање задачи според приоритет, работа под притисок и кратки рокови.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »