Оператори во оддел customer service

За компанијата: Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на електронски печатени плочки специјализирани за брзо производство на прототипи и мали и средни волуменски серии на цврсти, флексибилни и крути-флексибилни... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 11.2022
  • Hi-Tech Corporation
  • Активен до 13.12.2022
  • Позиција: Телефонски оператор/Поддршка
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 2785148
  • Веб: www.hitech.com.mk/mk/

Hi-Tech Corp.

е водечки Европски производител на eлектронски печатени плочки

компанија која постои 41 години, со повеќе од 200 вработени, од кои над 90 се дипломирани инженери и извезува 100% од своето производство на странски пазари, опслужувајќи широк спектар на индустрии (Bosch, Siemens, Apple, Continental)

Hi-tech Corp. објавува

К О Н К У Р С

за вработување на повеќе лица на позицијата:

  1. Oператор во оддел Customer Service

Потребни квалификации: 

  • Завршено високо образование
  • Одлично познавање на англиски јазик (минимум B2) и работа со компјутери
  • Способност за следење на работни инструкции и процедури за работа
  • Подготвеност за континуирани обуки, одговорнoст и посветеност на работата

Работни задачи:

  • Комуникација со клиенти и шпедитери
  • Обработка на барања на клиенти и интерно процесирање на истите
  • Тимска работа и координација со колегите од другите оддели

Компанијата обезбедува:

  • Организиран превоз од и до работното место
  • Континуирани обуки 
  • Склучување на договор за работа

Кандидатите кои ги исполнуваат условите можат најдоцна до 15.11.22 да испратат кратка биографија - CV (задолжително со фотографија, адреса, телефон и датум на раѓање) на сл. e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Hi-Tech Corp. и тоа само за процесот за селекција на кандидатите.

Кандидатите можат согласноста за обработка на личните податоци да ја повлечат во секое време со доставување на барање на истиот мејл на кој аплицирале.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »