Продавачка во продавница за текстил

Плата од 18.000 ден.

  • Објавен на 9.2022
  • Сун анд Старс ДОО
  • Активен до 11.10.2022
  • Позиција: Персонал во продавница/Касиер
  • Локација: Скопје

СУН АНД СТАРС ДОО од Тетово е компанија во текстилната индустрија која која нуди можност за постојан развој и професионално усовршување на своите вработени.

СУН АНД СТАРС ДОО распишува оглас за вработување на ПРОДАВАЧКИ во Скопје-Аеродром

Потребни квалификации:

Минимум ССС;
- Пожелно е претходно работно искуство во бутик или продажба на текстил
- Основно познавање на работа со компјутер

Личен профил :
- Одговорност и прецизност
- Способност за тимска работа
- Флексибилна, комуникативна и динамична личност
- Лојалност, чесност и иницијативност

Одговорности и задачи :
- Услужување и продажба на целокупниот асортиман
- Познавање на работните обврски и одговорности
- Одржување на уредна работна околина

Што нудиме:
Работа во 2 смени - 40 часа неделно;
Редовни месечни примања и додатоци согласно Закон и бонуси за успешно работење.

Изборот ќе се врши во рок од 15 до 30 дена, во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Доколку сте заинтересирани за интересна и динамична работа, а воедно го поседувате потребното образование, квалификации за успешно извршување на работните задачи, испратете ја вашата кратка биографија.

e-mail за контакт: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: Оглас за продавач во Скопје-Аеродром. Или јавете се на бројот 076226153

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »