МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ - ПРОДАЖНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА

  • Објавен на 11.2017
  • Р3 Инфомедиа
  • Активен до 08.12.2017
  • Позиција: Останато
  • Локација: Цела Македонија
  • Телефон: 02/3177888

Р3 Инфомедиа, фирмата креатор на брендовите Златна книга и Маркетконект за проширување на продажниот канал кој го реализира во партнерство со Македонски Телеком АД Скопје, вработува:

 

32 ПРОДАЖНИ КОНСУЛТАНТИ ЗА ДИРЕКТНА ПРОДАЖБА, и тоа за следните градови:

  • 6 (шест) продажни консултанти за Битола
  • 6 (шест) продажни консултанти за Прилеп
  • 4 (четири) продажни консултанти за Струмица
  • 2 (два) продажни консултанти за Тетово
  • 4 (четири) продажни консултанти за Гевгелија
  • 2 (два) продажни консултанти за Штип
  • 4 (четири) продажни консултанти за Кочани
  • 4 (четири) продажни консултани за Велес

 

Опис на работни обврски и одговорности:

  • Директна продажба на производи и услуги на Македонски Телеком АД Скопје, по принципот D2D - врата до врата,
  • Презентација, преговарање и склучување на договори,
  • Следење и грижа за клиентите за реализација на договорот.

 

Идеални кандидати се:

  • Динамични и мотивирани личности со желба за професионален успех,
  • Фокусирани кон остварување и надминување на зададените продажни цели на дневно ниво,
  • Личности со добри комуникациски и преговарачки способнoсти,
  • Искуство во продажба ќе се смета за предност,
  • Способни за индивидуална и тимска работа,
  • Со основно познавање од областа на компјутерско работење (MS Office).

 

Ви нудиме:

  • Обука за продажба од ТОП професионалци и понатамошно усовршување,
  • Можност за надпросечна заработувачка базирана на лични перформанси,
  • Флексибилно работно време,
  • Можност за понатамошна кариера во Македонски Телеком АД Скопје.

 

Доколку сакаш да станеш дел од успешен продажен тим составен од професионалци, испрати твое CV на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до Петок 08-ми Декември.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »