Инженер Комецијалист

За компанијата: Термо Систем дооел од Скопје, работи со продажба на опрема за греење, соларни системи, водовод и климатизација. повеќе за компанијата »

ТЕРМО СИСТЕМ ВРАБОТУВА: ИНЖЕНЕР КОМЕРЦИЈАЛИСТ

ТЕРМО СИСТЕМ e компанија која успешно работи на пазарот повеќе од 21 година и е лоцирана во Скопје. Главна дејност на компанијата е трговија, инженеринг и изведба на инсталации во областа на греење, климатизација, соларни системи и водовод.
Во моментот Термо Систем може да се пофали со тим на вработени кои се вистински експерти и професионалци во областа, тимски играчи и секогаш позитивни!

Потребни квалификации:

  • Универзитетска диплома од Машински факултет, Економски факултет или Електротехнички факултет. 
  • Познавање на работа со компјутери, MS Office пакет.
  • Возачка дозвола - Б категорија
  • Познавање на Англиски јазик
  • Силни комуникациски вештини, самоорганизираност, дисциплинираност, самоиницијатива, способност за тимска работа

Одговорности и работни задачи:

  • Изготвување на термотехнички пресметки и понуди
  • Склучување на договори за изведба
  • Координација помеѓу инвеститорот и кооперантите
  • Пратење на динамиката на терен и надзор на извршените работи
  • Контрола на завршените работи, изведба на проектот во рамки на буџетот и поставените рокови
  • Контрола на проектно-техничка документација
  • Изготвување на извештаи
  • Изготвување на документација за примопредавање

Нудиме:

  • Динамична работна средина исполнета со професионални предизвици
  • Работа во тим на посветени и искусни професионалци 
  • Можност за професионален развој и напредок
  • Конкурентни месечни примања

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со наслов ИНЖЕНЕР КОМЕРЦИЈАЛИСТ на следната email адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »