Доставувач на роба - возач

Плата од 23.000 ден.

  • Објавен пред 3 месеци
  • Inter-Kasto dooel
  • Активен до 19.03.2024
  • Позиција: Возач/Управувач
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 3121278;070338588;

Во своето постоење од 1994 год, претпријатието Интер Касто како ексклузивен застапник на шведскиот бренд Дуни, одразувајќи ја децениската специјализација во материјалите и дизајнот застапен е во Р.С.Македонија и Р.Косово. Врвниот квалитет и лидерството во иновативните концепти за поставување на маса, take away амбалажата – подеднакво е наменет за професионалците и корисниците во малопродажниот сектор.

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум ССС образование;
  • Возачка дозвола Б категорија;
  • Претходно работно искуство;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Професионално однесување;
  • Организиран, динамичен и насочен кон резултати;
  • Посветеност и самоиницијативност;
  • Прецизност и одговорност кон поставените задачи;
  • Личност со развиен тимски дух и лојалност;

Одговорности и задачи:

  •  Утовар, транспорт, истовар и достава на производи;
  •  Одговорен за навремена и точна достава на производите до крајната цел
  • Почитување на сите закони за транспорт и безбедно возење,
  • Подредување, следење и контролирање на производи во продажни објекти;
  • Прифаќање на плаќања за испорачани производи;
  • Изготвување извештаи и нивно навремено доставување;
  • Грижа за техничко-хигиенска исправност на возилото
  • Извршува сродни работи по налог на претпоставен раководител

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок. За време на сезона се работи и сабота.
     

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »