Оператор во одржување

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

 

МЕРМЕРЕН Комбинат АД Прилеп има потреба од ОПЕРАТОР ВО ОДРЖУВАЊЕ

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • Средно  образование  

ГЛАВНА  ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА

Одржување на механизацијта и опремата во рудник, како и одржување на хидросистемот во ОЕ, како цевоводи, пумпи и останати работи.

ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

  • Ја одржува механизацијата во рудникот
  • Изработува машински делови потребни за одржување на опремата во рудникот.
  • Врши интервенции на хидроуличните системи на машините во рудникот.
  • Врши демонтажа, монтажа и репарација на машински склопови, редуктори, пумпи, вентилатори и други најразлични машински делови.
  • Врши склопување на шини, скали и мали челични конструкции користејќи апарат за електролачно заварување.
  • Се придржува на пропишаните мерки  за безбедност и здравје при работа и ја користи опремата за заштита при работа со која е задолжен.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.

ШТО НУДИМЕ:

  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбеден превоз до работно место и топол оброк
  • Спроведување на сите законски обврски предвидени во Законот за работните односи, како и други поволности
  • Основна нето плата 41.300 денари (176 работни часа)
  • Работно време во смени: 06:30 – 14:30   14:30 -22:30
  • Бенефициран стаж

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “апликација за работно место “ОПЕРАТОР ВО ОДРЖУВАЊЕ”.

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место ОПЕРАТОР ВО ОДРЖУВАЊЕ ќе бидат избришани од нашата евиденција во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

вести · настани · интервјуа · колумни · технологија · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување » барај останати огласи »