Менаџер на образовна програма

Плата од 30.000 ден. до 35.000 ден.

Здружението на граѓани Викимедија МКД како огранок на Фондацијата Викимедија во Македонија, работи на промовирање на Википедија, како и на други сродни проекти.

На отворената работна позиција за 2024 година со можност на продолжување во наредната година, се бара иновативен, мотивиран поединец, со добро чувство за професионална одговорност и со работна етика за позицијата:

* Менаџер на образовната програма

Потребни квалификации:

  • Најмалку ВСС VII/1 степен (или најмалку 240 кредити според ЕКТС)
  • Одлично познавање на англиски јазик (пишување и зборување)
  • Возачка дозвола Б – категорија - не е услов
  • Познавање на работа со Википедија се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 2 години во невладин сектор се смета за предност
  • Работно искуство од најмалку 2 години во образовние (на проекти и/или работа со ученици) се смета за предност 

Работно време:

Работното време е 6 часа дневно, од кои 4 платени и 2 волонтерски часа, но доколку проектите го бараат тоа, може да биде и попладневно или за време на викенди.

Одговорности и задачи:

  • Да ги води Вики клубовите кои ги имаме веќе воспоставено низ Македонија, како и да отвора нови;
  • Да ги организира и да ги води обуките на учениците, наставниците и возрасните за уредување на Википедија;
  • Да органзира и спроведе (со помош на останатите вработени и волонтерите): вики конференции за наставници, натпревари за уредување, работилници, вики камп и други активности поврзани со образовната програма;
  • Да врши организирање на материјали и услуги потребни за проектите.

Ние нудиме:

  • Платена обука, и потоа вработување;
  • Интересна и исполнета седмица, соработка со различни профили на луѓе;
  • Патувања.

Ве покануваме да ја доставите Вашата професионална биографија (CV), мотивациско писмо и фотографија со назнака за позицијата ​на мејлот [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »