Супервизор на контакт центар

За компанијата: Подружницата на Mellon Technologies и член на Mellon Group е основана во 2003 година во Скопје. Компанијата е воспоставена на пазарот поради нејзината доминантна улога во воведувањето и рационализирањето... повеќе за компанијата »

Мелон е водечка грчка мултинационална групација која нуди специјализирани решенија и услуги со цел да ги задоволи барањата на финансиските институции и другите организации чиј бизнис е насочен кон големи групи на клиенти. Мелон Групацијата е со седиште во Атина, Грција и моментално брои преку 6.000 вработени во 12 земји.

Мелон Солушнс Дооел, членка на Мелон Групацијата, за својата канцеларија во Скопје има потреба од:

Супервизор на контакт центар

[реф. бр. 2020-023 – Contact Center Supervisor]

 

Профил на работната позиција:

 - Мотивира, управува и развива повеќенаменски контакт центар со цел обезбедување на високо ниво на услуга и остварување на целите на компанијата;
- Поставува цели и задава задачи на тимовите;
- Одговaрa за постигнувањето на квантитативни, квалитативни и финансиски резултати.

 

Профил на кандидатот:

- Минимум 4 години работно искуство;
- Претходно работно искуство во контакт центар (наплата на долгови, телемаркетинг, услуги на клиенти) ќе се смета за предност;
- Завршено високо образование;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
- Изразени лидерски и менаџерски способности;
- Одлични комуникациски способности;
- Изразени аналитички способности;
- Амбициозност и ориентираност кон постигнување на резултати;

 

Услови:

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите предвидени во Законот за работни односи.

Компанијата го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Заинтересираните кандидати треба да ја испратат својата биографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна пет дена од објавувањето на огласот.

Мелон Солушнс Дооел
ул. Рузвелтова, бр.19,
1000 Скопје

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »