Специјалист за логистика

  • Објавен на 6.2022
  • Wabtec MZT
  • Активен до 10.07.2022
  • Позиција: Комерцијалист/Агент
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 02/2581-392
  • Веб: www.wabtec.com

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила, има потреба од лице кое ќе се придружи кон нашиот тим на работна позиција СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЛОГИСТИКА.

За позицијата:

Ги планира, организира и контролира процесите на логистика (меѓународен, домашен и интерен транспорт, магацини и залихи).

 

Главни одговорности:

  • Го планира и организира процесот на логистичка поддршка во однос на организација на меѓународен, домашен транспорт, царинење и складирање на материјали.
  • Учествува во изработка на планови за транспорт, со цел оптимизација на трошоци по принцип “ just on time”.
  • Ги планира потребите од материјали, услуги и куповни производи, согласно конструктивна и технолошка документација
  • Изготвува барања за порачки, за потребите на транспортните, шпедитерските и царинските служби
  • Изготвува и учествува во изготвување на царинска документација
  • Oбезбедува и организира транспорт на стоки за потребите на компанијата и купувачите.
  • Прима интерни и екстерни порачки, ги дистрибуира до делот за порачки на производството
  • Ја следи реализацијата на порачката и известува за текот на работата
  • Одржува бази на податоци и изготвува анализи и извештаи за материјали и производи
  • Ја следи состојбата на залихите
  • Одговара за навремено движење на делови и материјали

 

Квалификации:

  • Минимални барања: : Дипломиран економист или економски техничар, факултет за бизнис логистика, машински факултет или друго образование со соодветна обука или искуство.
  • Познавање на Македонски и Англиски јазик – задолжително.
  • Познавање на Microsoft Office
  • Предност – мин. 2 години работно искуство, работа во Oracle ЕРП софтвер

 

Нудиме:

  • Компетитивни редовни месечни примања
  • Oбуки, бонус програми и можност за личен професионален развој
  • Работно искуство во динамична интернационална бизнис средина
  • Пријатна работна атмосфера

Вашето CV испратете го на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

*Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју. 

**Со поднесување на Вашата апликација за вработување (CV), потврдувате дека сте согласни Вашите лични податоци да бидат чувани во база и обработувани за намена за сегашно или идно вработување од страна на ВАБТЕК МЗТ АД Скопје или од трето лице ангажирано за таа цел согласно Закон. Доколку не сте согласни, Ве молиме тоа да го наведете во апликацијата.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »