За компанијата: НЕОТЕЛ ДОО е телекомуникациски оператор формиран во 2004 година со македонски капитал од страна на реномираната ИТ компанија, Неоком АД. Повеќе од 15 години на пазарот нуди широк спектар на услуги од областа...
повеќе за компанијата »НЕОТЕЛ ДОО Скопје како брзорастечки телекомуникациски оператор кој на македонскиот пазар нуди високотехнолошки услуги од областа на телекомуникациите има потреба од маркетинг асистент за оформување на својот тим.
Нудиме одлична можност за сите квалификувани и мотивирани кандидати со страст за маркетинг и желба за личен развој. Работната позиција вклучува поддршка во секојдневните активности, развој на маркетинг стратегии за градење на свесност компанијата, имплементација на продажни тактики, интегрирани маркетинг кампањи и следење на резултатите од спроведените активности.
Краток опис на работните задачи и одговорности:
- Креирање, имплементација и следење на онлајн и офлајн кампањи
- Секојдневни активности на социјални медиуми
- Развој на маркетинг стратегија во согласност со целите на компанијата и следење на успешноста
- Координирање со надворешни лица, маркетинг агенции и медиуми
- Разработка на маркетинг буџет и следење на неговата реализација
- Редовни анализи на пазарот и спроведување на интерни истражувања
Потребни вештини:
- Задолжително работно искуство во маркетинг од најмалку 2 години.
- Пожелно завршено високо образование – Економски Факултет – Маркетинг/Е-Бизнис менаџмент
- Одлично познавање на Англиски јазик
- Одлично познавање на Office пакет
- Кандидатите со познавање на Wordpress ќе имаат предност при селекцијата
- Креативно размислување и познавање на актуелни маркетинг трендови и канали на комуникација
- Развиени организациски и комуникациски вештини и способност за работа на повеќе проекти истовремено
- Енергична, одговорна, посветена и исполнителна личност, способна за работа во тим
Доколку имате интерес и се пронаоѓате себе си во опишаниот профил за позицијата и ги исполнувате горенаведени карактеристики, испратете Ваша апликација со професионална биографија (CV) најдоцна до 12.01.2021 на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака – “За работна позиција Маркетинг Асистент”.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.
Останати огласи »