Комерцијален Соработник

Интернационалната фармацевтска компанија VEDRA INTERNATIONAL за потребите на своето претставништво во Скопје, Македонија објавува оглас за вработување на:

1 Комерцијален соработник

Потребни квалификации:

- Високо образование (медицински, фармацевтски или стоматолошки факултет),
- Активно познавање на англиски јазик,
- Одлично познавање на MS Windows и MS Office,
- Положен возачки испит (Б категорија).
- Работно искуство во областа не е потребно, но ќе се смета како предност.

Потребни вештини и способности:

- Поседување комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
- Претприемачки дух, стручна компетентност
- Справување со работа под притисок, исполнување на таргети.

Компанијата ви обезбедува:

- Можност за едукација, неопходни средства за реализирање на работни цели и динамична работна средина.
- Бонуси во зависност од остварување на зададените цели.

 Опис на работното место:

- Презентација и обезбедување на соодветни и навремени информации за брендовите на компанијата, преку посети на аптеки.
- Соработка, воспоставување и развивање на комуникација со фармацевтите во аптеките и здравствените власти.
- Исполнување на зададените цели

Работно време и место:

8 часа дневно во тек на работната недела на територија на РМ.

Сите заинтересирани кандидати преку електронска пошта треба да достават CV со фотографија и мотивационо писмо на англиски јазик најдоцна до 24.07.2017 на [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »