Артисофт лого

Пракса во Артисофт - достапни се 5 позиции за IT

  • Објавен на 10.2017
  • Артисофт
  • Активен до 06.11.2017
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 091/366-366

Друштвото за информатика Артисофт, една од водечките компании за изработка на SaaS (Software as a Service) решенија во регионот, им нуди на заинтересираните студенти од последната студиска година на ФИНКИ да земат учество во нивната овогодишна програма за пракси.

Достапни се 5 позиции за пракса.

Во текот на тримесечната пракса (со можност за дополнително продолжување), студентите ќе имаат можност да работат со најнови и најмодерни технологии: 

  • Cloud технологии,
  • Big Data,  
  • Search технологии, на конкретни проекти кои се работат во компанијата.

Кандидати кои ќе бидат земени во предвид за пракса во Артисофт се студенти од ФИНКИ во нивната последна студиска година кои  имаат изразена желба да учат нови работи и да имаат некакви почетни знаења.
Предност ќе им се даде на канидатите што имаат искуство во работа со: 

  • Бази на податоци,
  • Web development (HTML, CSS).

Работниот ангажман за време на праксата опфаќа 40 часовна работна недела со флексибилно работно време. На најдобрите практиканти Артисофт ќе им понуди и можност за вработување по завршување на праксата.

Заинтересираните кандидати можат да го испратат своето CV преку email на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “ Пракса во Артисофт”

Рокот за пријавување е 05.11.2017 година. 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »