Диспонент за транспорт

Пема Интернационал дооел Скопје, има потреба од ДИСПОНЕНТ ЗА  ТРАНСПОРТ 

Потребни квалификации:

  • ССП или повеќе од било која област ;
  • Работно искуство во организирање патен транспорт би било предност но не е неопходно;
  •  Познавање англиски јазик задолжително (познавање на други јазици би било предност)
  • Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа, со одлични организациски способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.
  • Работа со компјутери (одлично познавање на MS Office пакетот и работа со интернет.);
  • Возачка дозвола Б категорија (активен возач).

 Работни задачи:

  • Одговорен е за подготвување на цени за услугите;
  • Остварува директен контакт со трети лица за договарање на транспортни налози;
  • Се грижи за експолатација на возилата и врши задолжување/раздолжување на возачите со возила и опрема;
  • Ги следи возилата со помош на GPS систем;
  • Извршува анализа на ефективноста на возилата и возачите (реализација и профит);
  • Подготвува документација за фактурирање за извршен превоз;

Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на определено, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.

Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00, а завршува во 16:00 часот.

Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: info@pema.mk

Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.

Изборот на кандидатите ќе се изврши во согласност со роковите определни со Законот за работни односи.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Поврзани огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »