Унапредувач на мрежа (Network Developer)

(преземи го огласот во Word)

                                                                              ОГЛАС

                           за Унапредувач на мрежа (Network Developer)

 

Работни задачи и одговорности:

  • Врши анализа на терен за потенцијални локации и таргетира соодветни бизниси за соработка ;
  • Ја промовира услугата и производите на MoneyGram и Монета ;
  • Врши постојана анализа на пазарот, субагентите и развојот на теренот ;
  • Се вклучува во работата на субагентите (потпишување договори, лиценцирање, инсталација на софтерот, обуки) во соработка со останатите сектори во компанијата ;
  • Врши непосредна контрола над субагентите за почитување на законските одредби во скоп на услугата брз трансфер на пари ;
  • Во соработка со субагентите работи на развивање и зголемување на обемот на работата –транскациите ;
  • Утврдува план за периодични контроли со изготвување на записник ;
  • Покренува иницијативи за подобрување на квалитетот на услугите ;
  • Врши надзор на останатите конкуренти на пазарот ;
  • Помага при снабдувањето субагентите со потрошувачки и маркетинг материјали ;
  • Предлага нови маркетиншки активности и кампањи ;
  • Помага во реализирањето на годишните планови на MoneyGram и Монета.

Подготовка и професионални вештини:

  • Минимум ССС, ВСС ќе се смета за предност ;
  • Поседување на возачка дозвола Б категорија – активен возач ;
  • Одлични комуникациски вештини на Македонски и Англиски јазик ;
  • Минимум 1 година работно искуство во развој на бизнис, продажба  ;
  • Комуникациски, преговарачки и организациски вештини ;
  • Способност за работа под притисок и работа со таргети ;
  • Предност имаат кандидатите од Штип, Кавадарци и Струмица.

Предности од работењето во Монета:

  • Професионални обуки и целосно воведување во работата, организирани од страна на работодавачот ;
  • Службено возило достапно за потребите на работната позиција ;
  • Загарантирана фиксна плата, со месечни бонуси поврзани со реализација на месечните планови ;
  • Работа во успешна и стабилна компанија, претставник на добро познат интернационален бренд ;
  • Можност да годишни бонуси како резултат на успешното работење на компанијата .              

 

Заинтересираните кандидати своето CV со фотографија, заедно со мотивационо писмо да го испратат на e-mail:  kariera@moneta.mk  или на адреса: Бул.Крсте Мисирков бр.76, Поштенски фах бр.915 со назнака “Оглас за Унапредувач на мрежа (Network Developer)”.

Напомена:

Огласот важи од 02.09.2019 година до 15.09.2019 година, апликациите пратени со задоцнување нема да се земат во предвид. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

КЛИКНИ