Работни одговорности на Вработен за одржување на спа центар во Ресорт Маврово:
- Се грижи за одржување и хигиена на спа центарот во хотелот;
- Пречекува гости и одговара на нивните барања;
- Се грижи за правилно функционирање на сауна, базен, турска бања, џакузи;
- Други одговорности соодветни на работното место Вработен во спа центар.
Работни одговорности на Вработен за одржување на спортски терени во Ресорт Маврово ДОО:
- Се грижи за одржување и хигиена на спортска сала, фитнес сала и фудбалско игралиште;
- Одговара на барањата на спортистите во врска со спортските терени;
- Други одговорности соодветни на работното место Вработен за одржување на спортски терени
Карактеристики кои нашиот идеален кандидат треба да ги поседува:
- Љубезна, ведра и насмеана личност;
- Проактивна, вредна и енергична личност;
- Одговорност и посветеност кон работата;
- Педантност во работата;
- Организациски вештини;
- Тимски играч и колегијалност;
- Лојалност и чесност;
- Желба за личен раст и развој;
- Брзина и ефикасност во вршење на работните задачи.
Потребни квалификации:
- Предност имаат кандидати со живеалиште во Гостивар и околината или Општина Маврово и Ростуше;
- Мин. ССС;
- Познавање на англиски јазик се смета за предност;
- Искуство на слична работна позиција ќе се смета за предност;
- Работата во денот се извршува двократно.
Доколку станете наш вработен добивате:
- Сместување и 3 оброци;
- Платени трошоци за превоз;
- 8 слободни денови во месецот;
- Можност за користење на теретана и спа центар;
- Попуст за сместување на најблиските во нашите хотели;
- Бесплатна карта за жичарница;
- Можност за обуки, напредок, награди, тим билдинг активности.
Локација: Ресорт Маврово – Маврово
Тип на вработување: Полно работно време
Како да аплицирате:
Пратете ни го Вашето CV и Мотивационо писмо на следниот меил: [најави се за да го видиш е-маилот] и во subject наведете Вработен во спа центар.
Лице за контакт: Димитрија Ристевски - Човечки ресурси, Ресорт Маврово.
Рок за пријавување на огласот: 05.06.2022
Disclaimer:
- Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ги исполнуваат бараните критериуми и компетенции и кои ќе имаат комплетна апликација;
- Кандидатите во процесот на селекција ќе бидат тестирани;
- Кандидатот со испраќање на апликацијата се согласува истата да остане во базата на кандидати на компанијата;
- Ресорт Маврово е горд работодавач кој дава еднаква шанса на сите.