Менаџер за продажба-Скопје

За компанијата: ФД ИутеКредит Македонија ДООЕЛ е финансиско друштво со седиште во Скопје, кое работи од јули 2017 година. Креираме исклучително искуство во областа на личното финансирање, со надминување на очекувањата... повеќе за компанијата »

 

 

 

Финансиското друштво Иуте Кредит Македонија, кое најбрзо и најкомфорно нуди кредити за физички лица има отворени позиции за:

Менаџер за продажба-Скопје

Успешниот менаџер за продажба треба да воспостави стратешки партнерски односи со компании за да привлечеме клиенти за нашите кредитни производи со што нашата компанија ќе биде перципирана како конкурентна и иновативна. Менаџерот за продажба ќе биде одговорeн за максимизирање на потенцијалот на нашиот тим за продажба, изработка на планови за продажба и нивно имплементирање.

 

Главни одговорности:

  • Идентификување можности за пораст на пазарот на постоечките услуги и на нови услуги во категоријата кредитни производи кај партнери низ земјава
  • Преговарање и склучување договори за соработка со нови партнери - правни субјекти, со цел да се продаваат кредитни производи
  • Спроведување на план за продажба со кој се проширува клиентската база на компанијата и се обезбедува значително присуство на пазарот
  • Организирање обуки за кадарoт од партнерските компании во врска со аплицирање, тековни и нови финансиски производи;
  • Одржување на континуирана комуникација со партнерите и грижа за нивното соодветно едуцирање и обука со цел да обезбеди услуги кои ќе креираат задоволство од услугите од компанијата.
  • Следење на процесот на работна на парнерите кои се во портфолиото и нивна неделна и месечна реализација
  • Креирање, договарање и имплементирање на промоции со партнерите
  • Обезбедување на сите потребни рекламни материјали за обележје и спроведување на промотивните настани;
  • Управување со секојдневните активности со партнерските мрежи;
  •  Подготвување извештаи за активностите;
  • Дневната активност е во најголем дел на терен и надвор од канцеларија

Потребно искуство и вештини:

  • Универзитетска диплома
  • Најмалку 3 години претходно искуство во продажба и преговори;
  • Искуство во развивање на односи со деловни партнери;
  • Страст за продажба и остварување на продажните цели;
  • Способност за комуникација,преговарање и убедување
  • Вештини за презентирање
  • Поседување на возачка дозвола и сопствено возило
  • Познавање на англиски јазик
  • Вештини за користење на– Microsoft Оffice
  • Вештини за подготвување извештаи

 

Компанијата нуди:

  • Атрактивна плата и бонуси
  • Позитивна, динамична и мотивирачка работна атмосфера
  • Можност за стручни и едукативни обуки
  • Договор за вработување на неопределено време, по 6 месеци вработување на определено време во зависност од резултатите на работењето

 

Испратете своја биографија со работно искуство и вештини на [најави се за да го видиш е-маилот] , до 17ти јули 2019

 

Вашата апликација ќе биде третирана со строга доверливост. Ќе бидат контактирани само апликантите со потесен избор. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »