Реномирана фирма од Скопје - Микеи Интернационал има потреба од следната работна позиција:
Комерцијалист
Главни oдговорности и oбврски:
- Спроведување дневни активности поврзани со остварувањето на целите, унапредување на продажбата и пазарот
- Дневна комуникација и градење долгорочни односи со купувачите и со дистрибутивната мрежа – продавницата и магацинот;
- Генерирање и проследување нарачки до производителот;
- Подготовка на соодветна документација за продажба;
- Водење на евиденција за извршените нарачки и продажби
- Посветеност на клиентите и давање на поддршка и консултации на клиентите
Очекувани квалификации:
- Завршено најмалку средно образование
- Познавање на англиски јазик
- Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Развиени компјутерски вештини
Потребни способности и вештини:
- Комуникациски вештини и вештини за услуги на клиентите
- Совесност и одговорност за извршување на работните задачи
- Поседување на амбиција и желба за усворшување на личните знаења и вештини
- Тимска работа
Компанијата за своите вработени нуди:
- Работа во една од реномираните фирми
- Договор на неопределено време
- Конкурентна плата и одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија задолжително со фотографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]
За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Слични огласи »