Оператор на кранови

За компанијата: Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој. Нашите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Цементарница УСЈЕ АД Скопје:

Production engineer

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија,доколку сте посветени, лојални, креативни, насочени кон постигнување резултати  и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

 

Цементарница УСЈЕ АД Скопје

ГРУПАЦИЈА ТИТАН

 

објавува оглас за вработување на

 

Оператор на кранови во Погон за производство

 

Операторот на кранови управува со мостните дигалки при што обезбедува непречен прием на суровини, навремено полнење на бункерите за суровини при што внимава да не дојде до мешање на истите. Учествува во активностите на прием, истовар и подршка на транспортот на суровините кои пристигнуваат по железнички пат. Редовно води записи за состојбата на опремата во соодветните дневни извештаи. Ја следи состојбата на опремата и редовно известува за состојбата на истата до своите претпоставени. Учествува во одржување на уредноста и хигиената во погонот, а по потреба учествува и во ремонтни активности на опремата. Контактира со другите оператори, помошници и персонал со цел непречено и правилно одвивање на процесот. Работното време се одвива во три смени.

Нето плата за работното место е од 24.400 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за ноќна, празнична и прекувремена работа со што нето платата достигнува до 30.000,00. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

 

Kвалификации на кандидатот: 

  • CCC/IV степен стручна подготовка
  • Поседување на лиценца за работа на кранови ќе се смета за предност
  • Претходно работно искуство од 1-5 години ќе се смета за предност

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 

1. Мотивациско писмо 

2. Биографија (CV)

3. Доказ за завршено образование

 

Огласот трае 7 (седум) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.

Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална ориентација, религија или убедување.

 

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk или на mail: [најави се за да го видиш е-маилот] или да достават CV во архива во просториите на Цементарница УСЈЕ.

 

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »