Асистент во сметководство

За компанијата: ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851 повеќе за компанијата »

АСИСТЕНТ ВО СМЕТКОВОДСТВО

Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини: 

  • ВСС Економски факултет;
  • Напредно познавање на работа со компјутер;
  • Претходно работно искуство во областа на сметководство и финансии најмалку 3 години;
  • Солидно познавање на англиски јазик;
  • Поседување на возачка дозвола - Б категорија;

Одговорности и работни задачи

  • Администрирање, книжење и проверка на влезни документи;
  • Контрола на картици на добавувачи и купувачи;
  • Анализа и книжење на залиха на репроматеријали;
  • Евиденција и контрола на благајна и пресметка на патни трошоци на вработени;
  • Водење на регистар на основни средства и пресметка на амортизација;
  • Составување на пријава за данок на додадена вредност;
  • Други работни задачи доделени од работодавачот;

Што нудиме

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РСМ;
  • Можност за професионално усовршување и обука кај еден од нјреноминираните производители на автобуси;
  • Работа во безбедна и здрава околина со почитување на сите норми за безбедност и здравје при работа;
  • Обезбеден автобуски превоз до работното место и назад;
  • Обезбедена исхрана во современа кантина;
  • Работа од Понеделник до петок од 08:00-16:00 часот, 40 часа неделно.

Доколку ги поседувате потребните вештини и сте заинтересирани за работа во одлична работна средина, заедно со амбициозен и професионален тим, испратетете го вашето CV задолжително со назнака за Асистент во сметководство, најдоцна до 20.08.2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »