Машински техничар

Фирмата Алфатек Сервис и Услуги од Скопје има потреба од вработување на техничко лице со средна или висока стручна подготовка од областа на индустриско – машинско одржување. Потребна е сериозна и одговорна личност, со висок морал за работа за вработување на подолг временски период. Работните обврски вклучуваат:

  • Изведување на машинобраварски работи и активности,
  • Надзор и водење на група работници при извршување на машинобраварски работи,
  • Планирање, распределба и реализирање на работни налози,
  • Водење на кадрова евиденција,
  • Водење на градежни дневници и градежни книги.

 

Квалификации на кандидатот: 

  • ССС/IV или ВСС степен на стручна подготовка, машински техничар,
  • Работно искуство не е задолжително,  
  • Познавање и работа на компјутер.

 

Работно време 8:00 – 16:00 од понеделник до петок. Секоја прекувремена работа се плаќа соодветно.

Сите заинтересирани кандидати може да пратат кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »