За компанијата: АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Од скромните почетоци како центар за едукација на деца и возрасни, набрзо скокнавме во бурните преведувачки води и, пловејќи по бранот на барањата на љубителите на...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот во Word)
АРС СТУДИО вработува
Уредник во издавачка дејност!
АРС СТУДИО има потреба од Уредник во издавачка дејност со најмалку 2 годишно искуство во издавачка дејност.
Потребно е кандидатот да има познавање од книжевноста, од областа на историјата, психологијата, филозофијата, да има чувство за класична и модерна литература, да е во тек со новите книжевни достигнувања, личност која постојано се надоградува и сака да научи нешто ново, пред сè да има желба за интеракција со луѓе и да овозможи професионална услуга на високо ниво.
Одговорности:
- Уредување текстови;
- Подготовка на различни монографски изданија – книги, учебници и сл. за печат во координација со останатиот тим;
- Комуникација со автори, преведувачи, стручни редактори, лектори и останати партиципиенти во процесот на издавање и нивна организација и координација;
- Подготовка и имплементација на работен план, изработка на извештаи, следење и постигнување на целите и презентација на остварените резултати;
- Учество на состаноците на менаџерскиот тим;
- Контрола на секојдневните активности на сите членови на проектот;
- Идентификување на потребата од ангажирање на нови учесници во конкретен издавачки проект;
- Предлагање активности за подобрување на тимот и тимската работа, дистрибуција на релевантни информации до членовите на тимот и поддршка при интеграција на нови членови во тимот во рамките на проектот;
- Подготовка на апликации за тендери и конкурси поврзани со издавачка дејност;
- Комуникација со автори, агенции, издавачки куќи за обезбедување авторски права од земјава и странство;
- Административно водење на издавачките активности – прегледи, евиденција, извештаи поврзани со реализација и организација на конкретен издавачки проект.
Кандидатот треба:
- Да има завршено високо образование во областа на книжевноста, филологијата или друго релеватно поле – Филолошки или Филозофски факултет;
- Пожелно е претходно работно искуство во издаваштво (минимум 2 години);
- Да биде подготвен за индивидуална и тимска работа;
- Одлично да го познава англискиот јазик;
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
- Да има око за детали и аналитика.
Лични карактеристики
- Организираност и одговорност
- Лојалност, темелност и енергичност
- Трудољубивост, совесност и предаденост во работата
- Амбициозни и динамични со желба за напредок
- Љубов кон пишаниот збор
Што нудиме:
Позицијата овозможува:
- Одлични услови, компетитивна плата и можност за напредок;
- Искусен тим;
- Пријатна работна атмосфера;
- Можност за напредок во кариерата.
За АРС СТУДИО
АРС СТУДИО е основано во 2000 година. Kако центар за едукација и издаваштво на книги, се стреми кон обезбедување на високо-квалитетна услуга за одржување на курсеви, реализација на преведувачки услуги, издавачка дејност и продажба на книги, согласно законската регулатива и меѓународните стандарди од оваа област. АРС СТУДИО континуирано го следи степенот на задоволство на клиентите и ги проучува нивните препораки и барања, а притоа истите ги користи за подобрување на карактеристиките на своите производи и услуги.
Во рамките на АРС Студио можностите да се биде успешен и шансите да напредува се еднакви за сите оние што ќе успеат да се квалификуваат да бидат членови на нашето семејство.
Пријавете се со CV и мотивациско писмо задолжително на следните е-адреси истовремено: [најави се за да го видиш е-маилот] ; [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за „Уредник во издавачка дејност” најдоцна до 12.4.2023 година. Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, ќе бидат контактирани!
Слични огласи »