ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО ГЕВГЕЛИЈА (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. 
 
 
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 
 
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар во Гевгелија во Група 2, бараме: 

 

ЕЛЕКТРО-МОНТЕР ВО ГЕВГЕЛИЈА (М/Ж) 
 
 
Работни задачи: 

  • Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа 
  • Отчитување на податоци од броила 
  • Контрола на приклучоци и мерни места 
  • Замена на броила на корисници 
  • Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација   
  • Помош при отстранување дефекти 
  • Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и броила 

 
Потребни квалификации: 

  • IV степен електротехничко образование – Енергетика 
  • Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност 
  • Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност 
  • Возачка дозвола, 
  • Одговорност, тимска работа   
  • Комуникативност, флексибилност 

 
 
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, најдоцна до 20.03.2019
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »