
За компанијата: СОЛВИС ДОО Гевгелија е фармацевтска компанија која се занимава со продажба на Дермокозметика и Медицински помагала. Присутна на пазарот од 2012 година и воедно застапник на Istituto Ganassini Милано Италија и на Epsilon Health Грција.
повеќе за компанијата »Компанијата Солвис е ексклузивен увозник на програмата на реномираниот производител на Дермокозметика Istituto Ganassini S.p.A Di Richerche Biochimiche Милано Италија и ексклузивен увозник на портфолиото на компанијата Epsilon Health од Грција. Во Македонија присутна од 2012 година. Моментално го прошируваме својот тим и вработуваме: MЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК
Доколку поседувате:
- Диплома за завршен факултет за фармација, медицина, стоматологија
- Одлично познавање на англиски јазик
- Познавање на Microsoft Office
- Способност за работа во динамична средина
- Одлични презентациски и организациски вештини
Предност ќе имаат кандидати кои имаат:
- Искуство како медицински преставник за продажба
- Искуство во развивање Стратегии на маркетинг
- Искуство во позиционирање на производи
- Познавање на фармацевтската регулатива
Вашата улога во тимот:
- Спроведување дневни посети и обуки на доктори, фармацевти за употреба и продажба на производите од палетата на Солвис;
- Присуство на настани и конференции;
- Градење на односи со фармацевти, доктори и клучни клиенти;
- Создавање нови продажни потенцијали и нови клиенти;
- Едуцирање на фармацевти и доктори за придобивките од производите од палетата на Солвис;
- Работа на терен на територија на цела држава
Што нудиме:
- Пријатна работна атмосфера, учество на конгреси, програми за обуки дообразување и можност за стекнување на нови знаења.
- Покрај основната плата, нудиме и атрактивна бонус програма, службено возило и други можности за развој и напредок во кариерата.
КАНДИДАТИТЕ ДА БИДАТ СО ПОСТОЈАНО МЕСТО НА ЖИВЕЕЊЕ ВО СКОПЈЕ.
Вашите CV-ија да бидат испратени на македонски и англиски јазик задолжително на мејл адресата: [најави се за да го видиш е-маилот]
** Сако кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат исконтактирани.
Слични огласи »