КОНКУРС ЗА ДИГИТАЛ МЕДИЈА СПЕЦИЈАЛИСТ

  • Објавен на 6.2018
  • Direct Media
  • Активен до 02.07.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +38923215971

Direct Media е водечки медијски систем во регионот на Југоисточна Европа кој ги поврзува комуникациските, адвертајзинг и медијските услуги на своите најголеми интернационални и локални соработници. Сите заинтересирани кандидати ги охрабруваме да аплицираат за приклучување во нашиот дигитал медија тим во Скопје.

 

Потребен ни е профил на личност кој што:

  • Има искуство во медија планирање
  • Има базично познавање за техничките подесувања на кампања
  • Има искуство во водење и оптимизација на кампањи на Google, Facebook и останатите социјални мрежи
  • Има искуство во читање и толкување на статистики и извлекување на клучни заклучоци од достапните алатки на пазарот
  • Комуникативна личност која сака да работи со луѓе
  • Одлично го познава јазикот на бројки
  • Ги следи дигиталните трендови
  • Сака динамична работа и добро функционира во динамично окружување

Работниот ден е составен од:

  • Комуникација со медиуми и клиенти
  • Планирање и реализација на кампањи на дигиталните медиуми
  • Мониторинг на активни кампањи
  • Изработка и анализа на извештаи
  • Анализа и предлог за оптимизација на кампањите на клиентите

Што нудиме:

  • Работа во водечки регионален медија систем
  • Соработка со големи огласувачи
  • Вложување во понатамошното усовршување и професионалниот развој
  • Можност за понатамошно кариерно напредување

 

Сите заинтересирани може да ги проследат своите лични биографии на [најави се за да го видиш е-маилот] се до 15.07.2018.

 

Само оние кандидати кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »