- Објавен на 11.2018
- Флафи ББ Дооел Скопје
- Активен до 12.11.2018
- Позиција: Персонал во продавница/Касиер
- Локација: Скопје
Највкусните мини палачинки во Скопје наскоро на нова, постојана локација преку целата
година. Ново слатко катче во Дебар Маало со мини палачинки, кафе и нови вкусни производи.
Нудиме нешто ново, нудиме нешто слатко и многу пуфкасто. Млади сме и спремни за градење
на нов препознатлив и оригинален бренд во Македонија. Аплицирај и дознај повеќе за Fluffy
производите и можностите за дополнителна заработка за тебе.
Работни позиции:
1. Продавач/ка
Опис на работни задачи
Пржење и подготовка на палачинки, подготовка на кафе, работа на каса, одржување
на хигиена на работна површина.
(Со или без работно искуство, обезбедена обука)
2. Работник во кујна / Пекар
Подготовка на смеса за палачинки, подготовка и печење на бели пецива, одржување
на хигиена на работна површина.
(Со или без искуство, обезбедена обука).
Фиксна плата 14.000 денари + финансиски бонус за исполнет таргет
Работа во смени.