Менаџер за Продажба

Плата од 35.000 ден. до 90.000 ден.

Фирмата Доорс Импекс ДОО бара менаџер за продажба,

Секоја личност (дури и без работно искуство!) која се чувствува одговорна, отворена за активно учење и себеунапредување , која сака да работи за резултати постугнувани со љубов и ентузијазам, а не за работното време, може да аплицира. 

Задачи и одговорности:

  • Активно работење за зголемување на продажбите
  • Комуникација со постоечки и потенцијални комитенти – развој на пазарот
  • Планирање, организирање, оптимизирање на продажниот процес 
  • Формирање на понуди
  • Контрола на набавката и продажбата
  • Придржување кон правилата и вредностите на фирмата

Вештини и способности:

  • Способност за непрекинато учење и себеподобрување!
  • Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи 
  • Развиени аналитички, презентациски и комуникациски вештини, совесност
  • Одговорност и предаденост на работата
  • Чесност и поштеност кон фирмата, вработените и клиентите на фирмата.

Потребни квалификации:

  • Познавање на англиски јазик
  • Поседување возачка дозвола Б категорија
  • Познавање во градежнишството (предност)
  • Интернет маркетинг (предност) 

Ние нудиме: - Обука, динамична и одговорна позиција со можност за брз кариерен напредок - Компетитивна плата плус бонус поврзан со учинокот - Пријатна работна средина

Сите заинтересирани ве молиме пратете го Вашето CV со слика и мотивационно писмо на  [најави се за да го видиш е-маилот]  со ознака "Оглас за Продажен Менаџер".

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »