МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Алма – М ДООЕЛ

Качанички пат бр.65а, Скопје

www.alma-m.mk

е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]

објавува ОГЛАС за следната работна

 

Позиција:

МЕДИЦИНСКИ ПРЕТСТАВНИК

Датум на објава: 12 Април 2019

Рок за пријавување до: 28 Април 2019

Број на оглас: О-190412-2-НК-МП

Дивизија/Сектор: Нестле

Локација / Регион: СКОПЈЕ

Супервизор: Менаџер за продажба

 

Работни задачи:

  • Презентација на Нестле исхрана за доенчиња со посета на педијатри, медицински сестри, аптеки и други здравствени работници низ Македонија и нивна поддршка по рутинг план, проширување на продажна мрежа и присуство на конгреси, а во согласност со упатства на "Кодекс на СЗО",
  • Промовира подобро разбирање на безбедна исхрана, здравје, благосостојба на доенчиња и поттикнува доење во согласност со "Меѓународни правила на СЗО за промоција на мајчино млеко",
  • Следи случувања/настани во сфера на бебешка исхрана,
  • Изготвува и исполнува неделни/месечни планови за активности вклучувајќи презентации, тркалезни маси, учество на конференции итн.,
  • Прибира барања за спонзорства и донации во согласност со "кодекс на СЗО",
  • Имплементира акти и политики кои ги носи менаџментот на Алма-М,
  • Следи конкуренција, известува и предлага активности за минимизирање на нејзиното влијание,
  • Должен/а е да испраќа точни, веродостојни и исправни дневни, неделни и месечни извештаи за своето работење до претпоставен/принципал согласно системот на известување/извештаи на Алма-М,
  • други работи по опис на работно место.

 

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум високо образование во областа на медицина ќе се смета за предност,
  • Познавање во трговија и дистрибуција на бебешки производи/храна,
  • Комерцијални вештини, презентациски вештини и преговарачки вештини,
  • Возачка дозвола - категорија Б и подготвеност за активно возење,
  • Разбирање на научна и интердисциплинарна природа на бебешка исхрана,
  • Компјутерска писменост: Познавање и работа со MS Office,
  • Анализа на податоци и пишување на извештаи,
  • Капацитет да формира долгорочни односи со клиенти,
  • Упорност, посветеност и подготвеност за работа долги часови,
  • Одлична комуникација и професионално однесување,
  • Организирана, мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичност, проактивност и насоченост кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени.

 

Потребно искуство:

  • Минимум 2 години слично професионално искуство во областа на стоки за широка потрошувачка ќе се смета за предност,

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 3 месеци, период на докажување на способности, со можност за продолжување.
  • САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »