УНАПРЕДУВАЧ(КА) НА ПРОДАЖБА за Скопје

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер - Сервисер на фрижидери

Алма - М објавува ОГЛАС за следната работна

 

Позиција:

УНАПРЕДУВАЧ(КА) НА ПРОДАЖБА за Скопје

Датум на објава:

27 Ноември 2018

Рок за пријавување до

9 Декември 2018

Број на оглас:

О-НК-УП-181127-9

Сектор:

Комерција – НЕСТЛЕ

Локација:

Скопје

Супервизор:

Раководител на унапредувачи на продажба

 

Работни задачи:

·         Подредување, следење и контролирање на производи (процентуално учество) на сталажи во продажни објекти според стандарди и договори на Алма-М

·         Имплементација на цени, маркетинг активности (летоци, акции, настани, ...) и нивно истакнување

·         Следење и известување за активности на конкуренција

·         Изготвување извештаи и нивно навремено доставување

·         Следење на залиха на сталажи и во магацин/и на продажни објекти, следење на рокови на употреба и примена на ФЕФО методот

·         други работи по налог на претпоставениот

Потребни квалификации и вештини:

  • Минимум завршено средно образование,

·         Флексибилност за работа на терен,

  • Одлична комуникација, преговарање и ориентираност кон деловни клиенти,
  • Професионално однесување,
  • Организиран/а и аналитичен/а,

·         Мотивирана и стабилна личност,

·         Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,

  • Способност за индивидуална и тимска работа,

·         Позитивен однос кон промени,

·         Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),

  • Пожелно е поседување возачка дозвола Б – категорија, но не е задолжително,

·         Пожелно е познавање на англиски јазик.

 

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно

 

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со нивната професионална биографија која може да ја достават на следната e-пошта:

[најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Работниот однос се заснова на определено време од 1 месец (период на докажување на способности),  со можност за продолжување.
  • САМО кандидат(к)ите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Паричниот износ на основната нето плата за огласеното работно место изнесува 15.000,00 денари во првите 3 месеци, која понатаму ќе биде зголемена со додаток за работна успешност.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »