Администратор - Струмица

За компанијата: Hello Post - најдобрата и најголема компанија за достава во Македонија! Hello Post нуди достава на писма, пакети и габаритни пратки. Hello Post има канцеларии во 36 градови низ Македонија и секојдневно ја опслужува целата земја! Најдобар партнер за било кој бизнис, домаќинство, е-трговија... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 6 дена
  • Хелло Пост ДООЕЛ
  • Активен до 28.10.2021
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Струмица

(преземи го огласот во Word)

      Новиот лидер на пазарот на поштенските услуги, најголемата интернационална специјализирана компанија за достава во Република Македонија, има потреба од проширување на тимот во Струмица на позицијата:

Администратор за канцеларијата во Струмица

Квалификации:

  • Завршено високо образование ќе се смета за предност
  • Солидно познавање на англиски јазик и работа со компјутери
  • Солидни оргaнизациски и комуникациски вештини
  • Искуство со работа со фискален уред

Опис на работни задачи:

  • Подготовка на интерни и финални извештаи
  • Предавање и примање на поштенските пратки, писма и пакети
  • Учество во тренинг за практично оспособување и искуство
  • Одржување и архивирање на документација
  • Комуникација со вработени и активна поддршка на тимот 

Нудиме:

  • Редовна месечна плата,
  • Полно работно време 40 часа
  • Пријатнa работна атмосфера

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата Ве молиме испратете ја Вашата апликација (CV)  преку полето АПЛИЦИРАЈ, со назнака „ Администратор - Струмица” во насловот на пораката.

Напомена:

САМО апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Потребно е кандидатите да се со место на живеење во Струмица