- Објавен на 5.2018
- Lycamobile
- Активен до 06.05.2018
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
ЛАЈКАМОБАЈЛ претставува светски бренд во телекомуникациската индустрија поврзувајќи преку припејд меѓународната сим картичка повеќе од 14 милиони корисници. Како најголем меѓународен мобилен виртуелен мрежен оператор (MVNO) Лајкамобајл обезбедува ниска цена, интернет со висок квалитет и говорни услуги за повеќе од 14 милиони корисници во 23 земји. Основана во 2006 година со остварен вкупен промет од 1,5 милијарди € во 2014 година, Компанијата продолжува брзо да расте и е отворена кон сите нови клиенти кои се приклучуваат на нашето семејство на секои два секунди.
ЛАЈКАМОБАЈЛ на македонскиот пазар за обезбедување на мобилни комуникациски услуги датира од Мај 2016 година, со користење на префиксот 079.
Како резултат на потреба од проширување на нашата продажна мрежа, во потрага сме по
Надворешни соработници за Продажба
Главни одговорности:
- Промоција и продажба на сите продукти на Компанијата
- Директна комуникација со Клиентите и понуда на услугите на Компанијата
- Планирање, организација и изведување на промоциони и маркетинг настани
Клучни способности:
- Одлично развиени комуникациски и презентациски вештини, посветеност и сериозност во пристапот кон работата
- Возачка дозвола Б категорија
Доколку се гледате себеси во наведениот профил на кандидат Ве охрабруваме да ја испратите вашата кратка биографија на следната е-маил адреса: [email protected], со назнака „За надворешен соработник за Продажба„
Слични огласи »