Специјалист за продажба

Семос Едукација (www.semos.edu.mk) како прв и најголем центар за компјутерска обука во Македонија објавува оглас за следнава позиција:

Специјалист за продажба

Потребни квалификации:

  • Висока стручна подготовка (предност Економски или Технички факултет);
  • Познавање на ИТ технологии;
  • Соодветно работно искуство вo продажба минимум 3 години (искуство во продажба во ИТ тренинг компании ќе се смета за предност);
  • Задолжително познавање на англиски јазик;
  • Менаџерски и продажни обуки ќе се сметаат за предност;
  • Возачка дозвола за Б категорија и можност за патување во странство.

Личен профил:

  • Комуникациски вештини;
  • Способност за работа под притисок и фокусирање на повеќе работни задачи во исто време;
  • Ориентираност кон тимска работа;
  • Професионален однос кон работни обврски;
  • Способност за преговарање, убедливост и градење однос со потрошувачи;
  • Креативност и проактивност;
  • Ориентираност кон постигнување на цели и резултати;
  • Ефективност и организираност.

Одговорности:

  • Водење, унапредување и промоција на продажбата во земјата и странство;
  • Комуникација со постоечки и потенцијални клиенти;
  • Вмрежување со постојните клиенти како и одржување врски со клиентите преку обезбедување на поддршка, информации и насоки, истражување и препорака на нови можности;
  • Остварување на деловни состаноци и презентации;
  • Cold-calling со цел да се создаде интерес за производи и услуги, да се генерираат нови бизнис лидови и да се организираат состаноци;
  • Подготовка на понуди за клиентите;
  • Идентификување на бизнис можности, истражување и анализа на можности за продажба;
  • Препораки за подобрување на профитот и услугите;
  • Изготвување на програма и стратегија за продажба и развој;
  • Организација на обуки и координација со предавачи;
  • Развој на ефективни планови за продажба (бизнис план)
  • Подготовка на тендерска документација, пишување предлози, извештаи и придружна литература;
  • Следење и постигнување на финансиски резултати и таргети;
  • Маркетинг и промоција на портфолио на производи преку директна комуникација со клиенти и преку присуство на настани;
  • Обезбедување квалитет на услугата преку детално познавање на услугите кои компанијата ги нуди;
  • Подготовка на извештаи.

Нудиме:

  • Полно работно време;
  • Можност за развој и напредување;
  • Надоместок со постојана можност за бонуси;
  • Мотивирачка работна средина и можност за тимска работа.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови може да го испратат своето CV и мотивационо писмо на англиски јазик со назнака “Специјалист за продажба“ најдоцна до 30.06.2018 година на следната маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Само оние апликации кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани. Нецелосните апликации нема да бидат земени в предвид.

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »