Copywriter

За компанијата: БД Група е маркетинг агенција, тим составен од креативни и уметнички експерти, медиумски планери, оддели за производство и организирање, туку и од високо квалификувани аналитичари, финансиски менаџери... повеќе за компанијата »

Еден на Еден објавува оглас за вработување на Copywriter, кој треба да биде ефективен комуникатор, способен да размислува креативно и иновативно и да биде запознаен со најновите трендови и технологии за комуникација во маркетингот. Од идеалниот кандидат се очекува да идентификува и развива нови, ефикасни комуникациски стратегии и кампањи.

Одговорности:

  • Креирање и имплементирање на комуникациски и креативни стратегии наменети за различни медиуми,
  • Креирање на идејни маркетинг концепти и кампањи,
  • Креирање на содржини и ефективна промотивна стратегија за огласување на Интернет и на социјалните медиуми, како и оптимизација на истите,
  • Креативно пишување на статии, реклами, вести, блогови и осмислување на промотивни слогани и наслови за маркетинг цели,
  • Креирање на брендиран storytelling,
  • Креирање на кратки формати на текст и скрипти за кратки видеа или реклами,
  • Активна соработка со членовите на креативниот тим

​Потребни квалификации:

  • Склоност кон пишување и одлично познавање на граматика и правопис на македонски јазик,
  • Добри комуникациски (писмени и усмени), организациски и  презентациски вештини,
  • Креативно концептуално размислување и способност за развивање на креативни идеи,
  • Самоиницијативност и проактивност во работата и задачите,
  • Тимски играч со одлични интерперсонални вештини,   
  • Посветеност на постигнување на резултати,
  • Ефикасност, точност и навременост,
  • Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик. 

Во зависност од искуството на кандидатот, предвидениот буџет за бруто примања е до 50.000 денари.

Сите заинтересирани испратете кратка биографија на:  [најави се за да го видиш е-маилот]  најдоцна до 16.10.2018.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »