За компанијата: Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан...
повеќе за компанијата »East Gate Mall (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
За потребите на маркетинг одделот објавуваме оглас за
КООРДИНАТОР ЗА ПРОДАЖБА НА МАРКЕТИНГ УСЛУГИ
Одговорности и работни задачи:
- Подготвува предлози за продажба на рекламни позиции во трговскиот центар
- Организира маркетинг промоции, промотивни и сезонски настани и закуп на простор
- Подготвува извештаи за прогноза на продажба на рекламните позиции и нивно доставување до раководството
- Развива ефикасни продажни стратегии за зголемување на продажбата на друштвото
- Соработува со тимовите за маркетинг и дизајн за изработка на квалитетен рекламен материјал за производите и услугите на друштвото
- Оддржува точна евиденција за резултатите од претходните кампањи за да се одредат најефективните маркетинг пристапи
- Ги анализира пазарните трендови, продажните и маркетинг метрики, како и стратегии за одредување на цени за да се идентификуваат начини за подобрување на продажбата на маркетинг напорите
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Висока стручна подготовка
- Претходно работно искуство во продажба и маркетинг
- Одлично познавање Microsoft Office пакет
- Одлично познавање на англиски јазик
- Способност за работа под притисок и пресретнување рокови
- Способност за преговарање и посредување
Што нудиме:
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Годишен бонус согласно постигнувањата
- Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 16.09.2024
Поврзани огласи »