Медицински-стручен соработник

Интернационалната фармацевтска компанија VEDRA INTERNATIONAL за потребите на своето претставништво во Скопје, Македонија објавува оглас за вработување на: 2 стручни-комерцијални соработници. Потребни квалификации: - Високо образование (медицински, фармацевтски или стоматолошки факултет), - Активно познавање на англиски јазик, - Одлично познавање на MS Windows и MS Office, - Положен возачки испит (Б категорија). - Работно искуство во областа не е потребно, но ќе се смета како предност. Опис на работното место: - Презентација и обезбедување на соодветни и навремени информации за брендовите на компанијата, преку посети на здравствените работници на територија на Македонија. - Соработка, воспоставување и развивање на комуникација со здравствените работници и здравствените власти. - Исполнување на зададените цели Сите заинтересирани кандидати преку електронска пошта треба да достават CV и мотивационо писмо најдоцна до 25.04.2018 г

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »