Машински техничар

  • Објавен пред 3 недели
  • Макстил АД Скопје
  • Активен до 13.09.2017
  • Позиција: Електро/машински техничар
  • Локација: Скопје

Активни огласи од Макстил АД Скопје:

Машински техничар

Макстил АД Скопје (www.makstil.com) како компанија постои 20 години, но нашите почетоци се уште подалечни. Нашите производствени погони Челичарница и Валавница за дебели лимови беа дел и од поранешното претпријатие Рудници и железарница „Скопје“ основа 1967 година.

Kако дел од Duferco Group, Макстил АД е еден од најголемите регионални производители на топловалани дебели лимови, со преку 850 вработени и годишен капацитет од преку 350.000 тони.        

Во моментов, во рамки на нашиот Сектор за одржување, отворено е следното работно место:

Извршители во машинско одржување  – 10 (десет) извршители

Опис на работно место:

  • Извршување на браварски активности како: сервис, заварување, сечење, брусење, подесување, центрирање и слично, на машинската опрема која се користи во производниот процес;
  • Контрола, дефектажа и отклонување на причината за дефектот на постројките и опремата;
  • Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.

Основна одговорност: извршување на навремени и квалитетни сервисни активности на постројките и опремата од машински аспект, како за време на одвивање на производниот процес така и за време на ремонт, со цел обезбедување на континуиран процес на производство.

Работни услови: Работа во три смени во погонски услови, работа на височина за одредени позиции

Основни квалификации на кандидатите:

  • Средно образование;
  • Релевантно работно искуство е пожелно, но не задолжително;
  • Искуство со заварување и користење вилушкари ќе се сметаат за предност.

Дополнителни квалификации на кандидатите:

  • Способност и желба за тимска работа;
  • Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
  • Самоиницијативност и посветеност;
  • Совесност за безбедност при работа;
  • Способност за работа под притисок и со рокови.

Доколку сакате да станете дел од нашиот тим, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на kariera@makstil.com.mk, или по пошта: Макстил АД Скопје, Сектор за човечки ресурси, ул. 16. Македонска бригада бр. 18, Скопје, со назнака Работно место – Машински техничар, најдоцна до 30 септември 2017.

Макстил АД Скопје води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.

КЛИКНИ