Мотиви лого

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО ГОЛЕМИ КЛИЕНТИ (ЈУНИОР) ВО СЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА

За компанијата: Со посветеност која трае веќе 15 години, со иновативни и сеопфатни услуги, Мотиви успешно им служи на најголемите компании на нашиот пазар и овозможува креирање на успешни работни односи. Од самиот почеток... повеќе за компанијата »

Мотиви Вработување, за потребите на свој клиент ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД СКОПЈЕ, објавува оглас за:

СОРАБОТНИК ЗА ОДНОСИ СО ГОЛЕМИ КЛИЕНТИ (ЈУНИОР) ВО СЕКТОР ЗА ПРОДАЖБА

Работни задачи:

• Истражување на пазарот и идентификација на потенцијални големи и средни клиенти
• Воспоставување и одржување деловни односи со корпоративни клиенти
• Активна комуникација со клиенти преку телефон, e-mail и деловни состаноци
• Подготовка и учество во изработка на понуди за осигурување
• Следење и реализација на продажни планови и таргети
• Координација на обновување на договори за осигурување и следење на наплата на премии
• Подготовка на извештаи за продажни активности и резултати
• Учество во презентации, настани и маркетинг активности
• Соработка со останати сектори за креирање понуди и решенија за клиенти
• Обезбедување континуирана поддршка и грижа за клиентите

Потребни квалификации:

• Високо образование (економски, правен или технички факултет)
• Основно познавање на продажба и работа со клиенти
• Познавање на MS Office
• Развиени комуникациски и преговарачки вештини
• Клиент-ориентиран пристап и способност за градење деловни односи
• Организациски способности и ориентираност кон резултати
 

Работни услови:

Работа во организирана и современа деловна средина
Можност за професионален и кариерен развој
Континуирани обуки за унапредување на знаењето
Приватно здравствено осигурување

Сите заинтересирани кандидати може да аплицираат на копчето за брза апликација, своите професионални биографии можат да ги проследат на: [email protected] (со назначена позиција за која сте заинтересирани), или со порака на Viber: +389 78 479 313

Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.

Кандидатот, во секое време, може да ја повлече согласноста со испраќање на известување на електронската пошта [email protected]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »