ПРАКТИКАНТИ

За компанијата: Компанијата е основана во 1991 год. во Скопје и иницијално се занимава со увоз и извоз на стоки од широка потрошувачка. Во 1996 год. за прв пат доби можност да врши увоз, дистрибуција и продажба на производите... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Алма - М ДООЕЛ:

Финансов менаџер

Позиција: ПРАКТИКАНТИ

Датум на објава: 10 Септември 2019

Рок за пријавување до: 22 Септември 2019

Број на оглас: О-А-ПА-190910-10

Сектор: Сите

Локација / Регион: СКОПЈЕ

 

Ние во Алма-М веќе 28 години сериозно ги проучуваме и подготвено ги пречекуваме сите промени и новости кои доаѓаат, преку развој, дејствување и трансформација на бизнисот, носејќи нови квалитети за нашите клиенти. Посветуваме посебно внимание на развој на човечките ресурси. Привлекуваме, развиваме и задржуваме најдобри професионалци и наградуваме за нивните резултати.

По тој повод, бараме практиканти кои ќе добијат можност за кариерен развој во Алма-М, а ќе ги имаат следните задачи, вештини и квалификации:

 

Работни задачи на практикантите ќе бидат:

  • Соодветни на некој од секторите во Алма-М, a во зависност од типот на студии на избраните кандидати,
  • Работа под менторство на високо амбициозни, мотивирани и организирани професионалци, 
  • Да поддржува, гради тимски дух и решава проблеми во интерес на работењето,
  • и други работи по опис на работно место.

 

Потребни квалификации и вештини на практикантите:

  • Дипломирани или во завршна година од студии, (Доказ: уверение за дипломирање или за положени испити)
  • Организиран/а и аналитичен/а,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамичен/а, проактивен/а и насочен/а кон резултати,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Позитивен однос кон промени,
  • Работа и познавање од компјутери (MS Office пакет),
  • Поседување возачка дозвола Б – категорија,
  • Пожелно е познавање на англиски јазик.

 

Потребно искуство:

  • Претходно работно искуство не е потребно.

 

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации и вештини СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ со мотивационо писмо и нивната биографија која може да ја достават на следната e-пошта:  [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката.

 

Напомена:

  • Практикантската работа трае во определено време од 3 месеци, со можност за продолжување.
  • Практикантите ќе имаат можност за докажување на своите способности, со можност да бидат земени предвид при идни постојани вработувања во компанијата.
  • Месечниот надомест ќе биде согласно одредбите од Законот за практиканство.
  • САМО кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција, ќе бидат контактирани.
  • Апликациите без назнака на бројот на оглас, во насловот на пораката, НЕМА да бидат разгледани!
  • Дневно работно време е претпладне, од 08.00 до 16.00 часот, од понеделник до петок.
  • Рок во кој ќе се изврши изборот – доколку на огласов се пријават до 200 кандидати, изборот ќе се изврши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати, изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати, изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.
  • Ве молиме без телефонски јавувања

 

АЛМА-М ДООЕЛ Скопје е секогаш отворена за соработка со кандидати кои се вредни ентузијасти и сакаат да работат со тим кој секогаш е спремен за нови предизвици во иновативна и динамична околина.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »