СЕРВИС МАКЕДОНИЈА е овластен сервис на апарати за домаќинство, ТВ и аудио опрема, со развиена професионална сервисна мрежа низ целата земја. Поради проширување и зајакнување на тимот, вработуваме:
СЕРВИС КООРДИНАТОР
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- ВСС ИЛИ ССС
- Пожелно е претходно работно искуство во сервис, на раководна позиција
- Напредно познавање на MS Office и работа со компјутер
- Познавање на англиски јазик
- Одговорност, систематичност и организираност
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија
- Способност за работа со временски рокови
Одговорности и работни задачи:
- Доделување, следење и контрола и затварање на сервисни налози
- Администрација на сервисните налози во компанискиот систем
- Администрација на сервисните налози во системот на производителите
- Собирање и складирање на сите информации за сервисни налози (од терен и работилница)
- Исполнување на роковите (законски и перформанс) на сервисните налози
- Креирање на нарачки и приеми за резервни делови
- Задолжување на резервни делови, налозите и сервисерите
- Креирање на фактури и други финансиски документи врзани со сервисните налози и нарачките за резервни делови
- Одржување активна комуникација со сервисерите
- Одржување активна комуникација со производителите
- Креирање на месечни, квартални и годишни извештаи
- Давање техничка поддршка на сервисерите (споделување на знаење и информации од производителите)
- Активно и континуирано надградување на техничкото знаење (булетини, сервисни упатства, работилници, тренинзи)
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим
- Континуирана обука
- Работно време: 08:00 – 16:00
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија преку полето за аплицирање. Огласот е активен до 10.11.2024
Слични огласи »