Менаџер за финансиско известување

Плата од 50.000 ден.

  • Објавен на 3.2023
  • Лек Скопје
  • Активен до 06.04.2023
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 022550801
  • Веб: www.sandoz.com/

Лек Скопје е реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд. Поради проширување на нашиот тим имаме потреба од нови членови на позицијата:

Менаџер за финансиско известување

Одговорности/обврски на позицијата:

  • Правилно управување со сметководствените работи и финансиското известување во рамките на Одделот за финансиски услуги;
  • Одговорност за водење на правилна сметководствена евиденција и нивна усогласеност со сметководствените стандарди и интерните политики (главна книга и спецификации за средства, залихи, клиенти итн.);
  • Подготвување месечни/годишни финансиски извештаи во согласност со прифатените сметководствени политики на компанијата и соодветните сметководствени принципи;
  • Контрола на процесите, достапноста на системите, документацијата, усогласеноста и на известувањето за извршување на квалитетни услуги во согласност со законот, внатрешните прописи, добрите практики и деловните цели;
  • Водење на одделот, вклучително и поставување на приоритети за активности и ресурси;
  • Координација на останатите членови на тимот особено при подготовка на финансиските извештаи;
  • Усогласување на главните и помошните сметководствени книги;
  • Предлог активности за подобрување на ефикасноста во сметководствените процеси;
  • Обезбедување на квалитативно, доверливо, точно и навремено внатрешно и надворешно известување и усогласеност со законските и другите барања (на пр. SOX, NFCM);
  • Контакт за надворешна/внатрешна ревизија;
  • Оптимизација на процесите, идентификација и решавање на проблеми настанати во текот на работата;
  • Други задачи утврдени во годишниот процес на поставување цели и според KPI;
  • Други задачи по инструкции од претпоставен или проект.

Профил на успешниот кандидат:

  • Универзитетска диплома по финансии/сметководство/ревизија;
  • 3+ години искуство на иста или слична позиција (искуство во интернационална компанија би сметало за предност);
  • Одличен англиски јазик (пишан и говорен);

Компанијата нуди:

  • Oдлична можност за професионален развој за амбициозни кандидати;
  • Нето месечна плата од 50.000 денари;
  • Полно работно време;

Доколку сте заинтересирани за оваа позиција, ве молам испратете CV на Англиски и Македонски.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »