Механичар во преработка

За компанијата: МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ АД Прилеп светски лидер во екстракција и производство на снежно бел мермер со регистрирана трговска марка на ситно-грануларен доломитски мермер SIVEC® кој се вади од рудниците лоцирани... повеќе за компанијата »

Мермерен Комбинат АД Прилеп има потреба од Механичар  во преработка  - 1 извршител на определено време

ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:

  • ССС / степен на стручна подготовка
  • Предност ќе имаат кандидатите кои имаат искуство во одржување

ГЛАВНА  ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА

Механички интервенции, поправки и одржување на возилата, механизацијата и производната опрема во ОЕ Преработка.

ГЛАВНИ ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА

Работни обврски:

  • Работи на одржување на возниот парк, механизацијата и производната опрема за преработка на мермерна минерална маса.
  • Врши самостојни поправки и ремонти на одредени типови на дизел и бензински мотори, во зависност од техничко-технолошката опременост.
  • Врши интервенции и поправки на системите за управување, системите за кочење, системите за довод на гориво и  системите за трансмисија на возилата на моторен погон кои се во состав на машинскиот парк.
  • Врши интервенции и поправки на хидраулични и пневматски системи на возилата на моторен погон кои се во состав на машинскиот парк и на останатата производна опрема.
  • Врши демонтирање и прилагодување на делови од стари неупотребливи машини и нивно монтирање на машини кои работат во производниот процес.
  • Врши менување и сервисирање на маслата, мазивата, филтрите и антифризот во машините, возилата и производната опрема.
  • Се придржува на пропишаните мерки  за безбедност и здравје при работа и ја користи опремата за заштита при работа со која е задолжен
  • Се грижи за примена на пропишаните мерки за заштита на животната средина.

ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:

  • Тимски ориентирана личност,
  • Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
  • Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
  • Професионалност во работењето.​

ШТО НУДИМЕ:

  • Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
  • Конкурентен пакет за наградување
  • Приватно здравствено осигурување
  • Обезбеден превоз до работно место и топол оброк
  • Спроведување на сите законски обврски предвидени во Законот за работните односи, како и други поволности
  • Работно време во смени: 07:00 – 15:00   15:00 -23:00

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]  со назнака “апликација за работно место “МЕХАНИЧАР ВО ПРЕРАБОТКА”.

Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.

Согласно Законот за заштита на лични податоци Вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место МЕХАНИЧАР ВО ПРЕРАБОТКА ќе бидат избришани од нашата евиденција во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »