Работник/ Возач во складиште

За компанијата: ИТД Дистрибуција Македонија е дел од Инфософт Групацијата (Infosoft Group) која е основана во 1991 година. Со своето повеќе годишно искуство, Инфософт Групацијата опфаќа компании на пазарите на Албанија,... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Оглас за работа

Компанија

ИТД Дистрибуција Доо Скопје

Оддел:

Складиште (Магацин)

Работно место:

Работник/ Возач во складиште

Вовед:

Одлична можност за вас да се приклучите на регионалната водечка Компанија за ИТ дистрибуција, која е дел од групацијата Инфософт Груп.  Ние сме компанија со 15 години искуство на македонскиот пазар, која се занимава со дистрибуција на ИТ производи, хартија за печатење и репроматеријали за печатници.

Во последниве години и покрај светската економска криза, останавме конмпанија која оставрува високи резултати во работењето.  Континуирано стремејќи се кон највисоки перформанси, земајќи ги во предвид пазарните реалности, фокусирајќи се на процесот на прецизна дистрибуција, квалитативниот однос со партнерите, високата бизнис етика, одличната логистика, професионализмот и знаењето во продажбата/менаџментот. ИТД Дистрибуцијата има за цел да биде лидер на пазарот на ИТ дистрибуција во Македонија.

Континуиран напредок и раст на нашата компанија се базира на талентот и работата на нашиот тим од 37 професионални, амбициозни и квалификувани вработени.  Постојаната обука на персоналот со опсегот на подобрување на перформансите, професионалниот развој и напредокот во кариерата.Секој вработен има документирано оценување на проценката на перформансите врз основа на метрики, јасни и конкретни инструкции за исполнување на должностите, мотивација и фокус кон развој на личните вештини и подобрување на ефикасноста на работните места. Затоа, според нас, човечкиот капитал е и ќе биде наша најголема вредност.

Работни задачи:

  • Одговорен за транспорт на стоки до бараната дестинација, при тоа почитувајќи ги Сообраќајните правила и правилата на компанијата.
  • Одговорен за стоките што ги пренесува.
  • Одговорен за утовар, растовар и подредување на производите, подготовка на нарачки за достава врз основа на соодветната документација.
  • Обезбедува потписи на фактурите и останатата пропратна документација при достава на роба.
  • Подготвува и спрема нарачки за испорака врз основа на фактура.
  • Прима и складира производи во магацинскиот простор.
  • Го знае пласманот на секој производ во магацинот.
  • Ги одржува и зачувува производите од штета и кражба.
  • Добро го одржува и користи возилото.
  • Извршува други поврзани должности во складиштето.

Квалификации и вештини за работата:

  • 2+ години искуство на слични работни места, во транспортот и дистрибуцијана производи. Кандидатот со помалку искуство, исто така, ќе биде разгледан во процесот на селекција.
  • Важечка возачка дозвола Б и Ц категорија со чиста возачка историја.
  • Способност за подигнување на тешки предмети.
  • Диплома од завршено средно образование - предност
  • Тимски работник и способност да работи под притисок и да остане смирен во различни ситуации.
  • Вештини за воспоставување на добри човечки односи.
  • Добро познавање на прописите за безбедност на патиштата.
  • Добро познавање на локалните патишта.
  • Способност за користење на мапи, GPS системи и прирачници за автомобили.
  • Прецизен и сигурен.

Што можеш да очекуваш од нас?

  • Конкурентна основна плата.
  • Законските бенефиции обезбедени во согласност со локалните закони и практика.
  • Одлична можност да се приклучите во широко признаена водечка конмпанија во регионот - Infosoft Group која важи за еден од најдобрите ИТ компаниии за дистрибуција, со повеќе од 30 години искуство;
  • Либерална и мотивирачка средина .
  • Можност за развој, докфалификација и обуки.
  • Приватно здравствено осигурување

Квалификуваните кандидати треба да го поднесат писмото за интерес и нивното CV, на следнава меил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , или  да го повикаат следниот теефонски број 02 2 653 270, со назнака за оглас Работник/ Возач во складиште.

Само квалификувани кандидати ќе бидат повикани на интервју.

 Датумот на завршување на апликациите е 21.08.2022

Личните информации кои ќе ги поднесете преку вашата апликација, ќе бидат заштитени и користени само за целите за регрутација. Според Закон за заштита на личните податоци ("Службен весник на Република Македонија" бр.7/05, 103/08, 124/08, 124/10, 135/2011, 43/2014 и 153/15).

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »