АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ

АБВ на Македонското Стопанство е динамична компанија која се фокусира на пазарот за информации во Македонија.
Поради зголемениот обем на активности, се отвара можност за работна позиција:


АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА И МАРКЕТИНГ
 

Потребни квалификации:

  • Минимум завршено средно образование
  • Одлично познавање на албански јазик - ќе се смета како предност
  • Претходно работно искуство на иста или слична позиција - ќе се смета како предност
  • Возачка дозвола Б – категорија, активен возач (минимум 3 години) - ќе се смета како предност
  • Возраст: од 21 до 56 години

Одговорности и задачи:

  • Планирање и организирање на продажни активности
  • Следење на продажбата и превземање на активности за зголемување на продажбата
  • Развивање и одржување на односите со клиентите, комуникација со постоечки и потенцијални клиенти

Очекувани вештини и способности:

  • Флексибилност за работа на терен
  • Одлични комуникациски, презентациски и преговарачки вештини
  • Добра дикција и говор
  • Организациски и аналитички способности
  • Одговорна, мотивирана и стабилна личност
  • Динамични, иницијативни и насочени кон резултати
  • Упорност, истрајност во остварувањето на поставените цели и задачи
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Ние нудиме:

  • Обука на кандидатите
  • Можност за професионален развој и унапредување во полето на маркетинг и продажба
  • Исклучителна можност за напредување со конкретно претставен кариерен план
  • Службено возило

Потребна документација:

  • Биографија (CV)
  • Мотивационо писмо

Заинтересираните кандидати се молат своите пријави да ги достават најдоцна до 31.10.2017 година 
на е-mail адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]   , со назнака:  АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА.

Сите апликации за вработување ќе бидат третирани како строго доверливи.

Согласно Законот за заштита на лични податоци, по истекот на рокот за избор на кандидатот сите пристигнати биографии ќе бидат уништени.

Доколку Вашите квалификации одговараат на нашите потреби, ќе Ви се обратиме за да Ве повикаме на разговор.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »