За компанијата: Брендот b watch 1920 е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)
Брендот B Watch е многу добро познат кај нас. Датира уште во далечната 1920 год, започнувајќи како семејна традиција на продажба, дистрибуција како и сервисирање на висококвалитетни часовници и накит.
Во моментов има отворено неколку продажни салони во Скопје: City Mall, East Gate Mall, Vero Jumbo, Градски Трговски Центар и Стара Чаршија. Но, исто така има и продажно место во градот на конзулите – Битола.
B watch во мометов има потреба од:
Бренд менаџер
Локација: Скопје
Што ќе работите:
- Ќе ги идентификувате потребите на клиентите
- Ќе вршите продажба и советување на купувачите за нивните одлуки во врска со производите
- Ќе овозможувате корисничка поддршка на купувачите
- Ќе ги применувате на стандардите за работа
- Ќе се грижите за имиџот на компанијата
- Ќе се информирате за новитетите на брендовите и ќе им држите обуки на останатите вработени;
Ако сте:
- Комуникативни, убедливи и ориентирани кон потребите на купувачите;
- Насочени кон остварување на разултати и огранизирани;
- Тимски ориентирани со желба за работа во динамична средина;
Што треба да поседувате:
- Образование: Минимум ССС (ВСС ќе се смета за предност)
- Познавање на MS Officе;
- Позитивен однос и убедливост во комуникацијата;
- Ориентираност кон потребите на клиенти на b watch 1920;
- Доверливост и трудољубивост;
- Мотивација за работа во тим и навремено извршување на задачите;
Што нудиме ние:
- 10 дневна обука за усовршување на продажни вештини;
- Одлични услови за работа во динамича средина;
- Примамлив месечен бонус + квартален бонус;
- Работно време: 40 часа неделно;
- Слободен ден за роденден;
- Дополнителни слободни денови + годишен одмор
- Посета на најголемите саеми за часовници и накит од реномираните брендови за нашите најдобри вработени;
- Можност за напредување во компанијата;
- Договор за вработување на 6 месеци, со можност за продолжување;
Само кандидатите кои што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Процесот на селекција ќе биде финализиран во законски обврзаниот рок во зависност од бројот на апликанти.
Слични огласи »