Регионален менаџер

За компанијата: Креди ЈЕС е финансиско друшто кое нуди решенија за микрокредитирање на физички лица со износ на кредити од 3000 до 90 000 денари. Креди ЈЕС ви нуди брзи и поволни потрошувачки кредити со флексибилни рати... повеќе за компанијата »
  • Објавен пред 2 недели
  • Credi Yes Skopje
  • Активен до 22.05.2024
  • Позиција: Менаџер/Директор
  • Локација: Скопје
  • Веб: crediyes.mk
  • Facebook: crediyes.mk

Credi Yes е нова, современа брзорастечка компанија во областа на микрокредитирање на физички лица во Македонија. Поради брз раст, развивање и извршување на својата дејност потребен ни е „Регионален Менаџер“ кој во своја надлежност добива одделен регион со повеќе филијали каде е претпоставен .

Опис на работно место:

  • Врши обука и управува со вработени во филијали каде е претпоставен
  • Промоција и активно презентирање на продуктите на компанијата
  • Активно привлекување на нови клиенти преку поставување на задачи и цели и контрола на тимот за нивно исполнување
  • Одговора за остварувањето на стратегиските цели на компанијата во доделениот регион
  • Го развива портфолиото на компанијата преку предлагање на продуктите на потенцијални клиенти
  • Одговора за целосниот процес на опслужување на клиентите
  • Работи во насока на креирање и одржување на имиџот на компанијата
  • Одговорен за следење и спроведување на процедурите и стандардите на компанијата во доделениот регион

Квалификации:

  • Образование: Пожелно е ВСС
  • Релевантно искуство на иста или слична позиција
  • Лојалност и мотив за развој
  • Одлични комуникациски и организациски способности за управување со тим
  • Одлични вештини за продажба
  • Идентификација на конфликти и преземање брзи решенија
  • Одлично познавање на Англиски јазик
  • Одлично познавање на MS Office (Excel,Word)
  • Аналитички пристап и систематичност кон поставените задачи
  • Возачка дозвола

Компанијата нуди:

  • Можност за професионален развој
  • Службен автомобил
  • Службен лаптоп
  • Динамична работа во мотивиран тим
  • Договор за вработување со конкурентска фиксна плата + бонуси засновани од постигнати резултати

Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, да се развиете како професионалец, да стекнете нови знаења, вештини и способности од областа, Ве молиме испратете ни детално CV со назнака за Регионален Менаџер на нашата е-маил адреса  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »