Комерцијалист/дистрибутер

За компанијата: Ние сме ДПТУ Јакомо Техноцентар ЛЕДЛАЈТ МК, компанија со седиште во Скопје, која е пристутна на пазарот повеќе од 10 години со трговија на големо и мало на лед осветлување. Ние сме овластени увозници на... повеќе за компанијата »

ЛЕДЛАЈТ МК има потреба од 1 лице на следното работно место

                                                       КОМЕРЦИЈАЛИСТ- ДИСТРИБУТЕР НА ТЕРЕН

Kвалификации:

  • Минимум ССС
  • Претходно работно искуство на иста позиција(се смета за предност)
  • Возачка дозвола Б/Ц категорија
  • умешност за работа во продажба

Личен профил:

  • Да поседува одлични комуникациски и преговарачки вештини;
  • Способност за индивидуална и тимска работа, како и работа во динамична средина;
  • Иницијативност, темелност, енергичност и целосна посветеност на работата;
  • Организираност и одговорност;
  • Доверливост и лојалност;

Одговорности и задачи:   

  • Посета и продажба на цела територија на Македонија                                                                             
  • посета на купувачи со цел договарање на продажба, примање на нарачки, презентација на асортиманот преку каталог или лаптоп,
  • опфаќање на нарачките во програм, фактурирање и спремање документација за пат
  • испорака на нарачките до купувачите.
  • одржување редовни контакти со постојаните купувачи на фирмата со цел да се одржат добри релации и да се оствари продажба,
  • пронаоѓање нови купувачи
  • комуникација со клиентите за наплата
  • Одговорност за количината на примена и истоварена количина
  • Завршување на дневните зададени работни задачи во целост
  • Одржување na хигиената на задолженото возило

Услови за работа:

  • Работа прва смена
  • Почетна плата 25.000 денари. 
  • Релаксирана работна средина, без притисоци и со можност самите да ги организирате своите работни активности
  • Годишен одмор – 20 работни дена
  • Службен мобилен телефон

Напомена: Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата и мотивациското писмо да бидат чувани во базата на податоци на ЛЕДЛАЈТ МК во рок од 1 година од денот на истек на рокот за аплицирање. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законт за зашита на личните податоци.

Доколку сметате дека ги исполнувате условите и сакате да бидете дел од тимот на ЛЕДЛАЈТМК, аплицирајте со Ваша биографија, мотивациско писмо и фотографија на меил:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите кандидати кои ќе аплицираат за работната позиција ќе бидат контактирани и известени за понатамошните чекори.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »