Порше Брокер А.Д. Скопје лого

Брокер

Фирма: Порше Брокер А.Д. Скопје

Работно место: Брокер во осигурување. Работното место е во Скопје.

 

Квалификации:

  • Висока стручна спрема,
  • лиценца од Агенција за супервизија на осигурувањето за вршење брокерски работи,
  • најмалку 1 година искуство во осигурување на патнички возила (каско осигурување) и осигурување од автоодговорност,
  • возачка дозвола,
  • познавање на англиски јазик,
  • пожелно е познавање на процесот за решавање на штетни настани,
  • искуство во работење со Микрософт офис софтверскиот пакет.

 

Опис на работата која треба да се изврши:

  • Комуникација со постоечките и потенцијалните клиенти,
  • анализирање на потребите на клиентот поврзани со осигурување,
  • комуницирање со осигурителните компании при давање понуда за осигурување,
  • презентирање на понудата на клиентите и нивно запознавање со правата и обврските кои ги имаат,
  • доставување на полиса/понуда и пратечка документација која е дел од полисата/понудата на договорувачот на осигурување на потпис,
  • евидентирање и архивирање на издадените полиси за осигурување,
  • комуницирање со осигурителната компанија и клиентот во врска  со плаќањето на премијата,
  • усогласување на пресметката за провизија со осигурителните компании,
  • пратење на наплата на фактурираната провизија,
  • пратење на истек на полиси за осигурување и нивно обновување/продолжување.

 

Кандидатите во своите пријави да вклучат:

  • CV (curriculum vitae),
  • мотивациско писмо,
  • копија од дипломата за завршено високо образование и
  • копија од лиценцата за вршење брокерски работи издадена од Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

 

Наведените документи да се достават на следната маил адреса:

[најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »