Пивара Скопје АД лого

Магационер (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Пивара Скопје АД:

Возач - Дистрибутер

Магационер (м/ж)

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци., Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата . Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ШТО НУДИМЕ?

  • Можност за вработување на кандидати со и без работно искуство
  • Можност за продолжување на договорот на неопределено време
  • Платена сменска работа и работа на празник
  • Обезбедена ХТЗ опрема
  • Обезбеден топол оброк и пијалаци во текот на денот
  • Фит кит –бесплатна месечна чланарина која овозможува пристап до повеќе од 300 спортски активности
  • Исплата на годишен бонус согласно корпоративните, локалните и индивидуалните остварувања
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Управување со процесите на магацинот за готов производ во рамките на неговата смена
  • Организација на магацински простор и складирање на залиха
  • Организација и контрола на товарење и истовар на производ и амбалажа
  • Водење точна евиденција за прием, издавање и залиха на готов производ, амбалажа и палети
  • Организција на опслужување на производни линии
  • Контрола на пикирани палети
  • Координирање на магацинските активности во работната смена во согласност со потребите на внатрешните и надворешните клиенти
  • Спроведување на периодични пописи на залихите

ШТО БАРАМЕ:

  • Минимум ССП, BCC ќе се смета за предност
  • Искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
  • Одлични комуникациски вештини
  • Познавање на ERP системи
  • Напредно познавање на MS Office алатки (Word,Excel,Power Point)
  • Одлично владеење со деловен англиски јазик

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 28.06.2026г.

Неделното работно време за позицијата се одвива во три смени, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавените кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 (една) година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »