.NET Програмер

За компанијата: ЕДУСОФТ е професионална софтверска компанија, основана во 1990 година, која што е специјализирана за дизајн, развој и имплементација на софтверски решенија. Нашето портфолио се состои од голем број на... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 10.2018
  • ЕДУСОФТ
  • Активен до 25.10.2018
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје
  • Телефон: (02)3127-323
  • Веб: www.edusoft.com.mk

ЕДУСОФТ, професионална софтверска компанија која што повеќе од 25 години се занимава со дизајн, развој и имплементација на софтверски апликации, лоцирана во Скопје – Стара Скопска Чаршија, бара .NET програмер со полно работно време.
 

Што се очекува од кандидатите:

  • учество при дефинирање на софтверски спецификации;
  • развој на програмски код, според воспоставени техники и методологии;
  • извршување на активности и на процедури за тестирање со кои би се гарантирал квалитетот на решенијата;
  • одржување и надградба на софтвер;
  • техничка поддршка за софтверските решенија.


Потребни знаења и искуствa:

  • познавање на C#, ASP.NET WebForms/MVC, JavaScript, WebServices;
  • познавање на MS SQL бази на податоци и SQL queries (mining, data analysis, итн.);
  • познавање на повеќе слојна софтверска архитектура, S.O.L.I.D принципите за развој на софтвер, GOF шаблоните за развој на софтвер
  • искуство со алатки за верзионирање на код;
  • тестирање на софтверски решенија;
  • познавање на англиски јазик;
  • самоиницијативност и добри комуникациски вештини; и
  • способност за работа во тим.


Што нудиме?

  • Вработување на долг период, со пробен период од 1 месец;
  • Пријатна и динамична работна околина во иновативна компанија;
  • Можности за професионален и личен развој;
  • Можности за развој и надоградба на Вашите потенцијали и компетенции; и
  • Можности за стекнување со интернационално искуство;



Пријавите во кои ќе ја наведете работната позиција за која сте заинтересирани со Ваша кратка
биографија (CV), испратете ги на email адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]  најкасно до 25.10.2018.
Сите пријави ќе бидат разгледани а оние кои ги исполнуваат условите на огласот ќе бидат поканети
на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »