Персонал за продажба

Шизик на ризик ДОО Скопје, за потребите на својата продавница лоцирана во центарот на Скопје, распишува оглас за вработување на персонал за продажба. Фирмата се занимава со продажба на модни и дизајнерски производи од сопствениот бренд - SHEEZICK NA REEZICK®

Потребни квалификации:
- минимум средно образование
- претходно работно искуство на иста или слична позиција од минимум една (1) година ќе се смета за предност
- oдлично познавање на англиски јазик
- познавање на работа со MS Office (MS Word, MS Excel).

Работни задачи:
- презентација и продажба на производите
- административни активности поврзани со процесот на продажба
- извршување на работни задачи поврзани со секојдневното функционирање на продажното место

Очекувани вештини и способности:
- развиени вештини за комуникација, особено вербална
- развиени презентациски вештини
- одговорност и организираност во работата
- брзо и ефикасно решавање на проблеми
- снаодливост со секојдневни предизвици и изнаоѓање на решенија за истите
- професионален однос и деловна етика.

Личен профил:
- изразени комуникациски способности
- љубезност, услужливост и непосредност
- самоиницијативност и посветеност на работата
- способност за тимска работа.

Што нудиме?
- солидни месечни примања со бонуси базирани на индивидуална успешност во продажбата 
- бенефиции и редовни попусти за вработените
- тимска работа и пријатна работна атмосфера
- кариерно напредување.

Доколку сте заинтересирани за работната позиција и сакате да бидете дел од нашиот тим пратете ја својата професионална биографија, мотивационо писмо и фотографија со задолжителна назнака: “Продажен персонал” на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]  

Само апликантите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »